28 Март, 2024
0.0316

Нов скок на цената на нафтата: Дали повторно ќе се коригираат цените на нафтените деривати во државата?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата на светските берзи порасна на 73 долари за барел поради намалувањето на понудата и загриженоста поврзана со нов можен прекин на испораката од Блискиот исток, поради зголемувањето на тензиите.

Цената на нафтата од северното море, тип „бренд“ порасна 43 центи на 73,05 долари за барел, објави агенцијата Блумберг и истовремено потсети дека овој тип на нафта минатата недела зајакна за околу 3%. Цената на американската „Лејк“ нафта порасна 60 центи на 63,47 долари за барел.

Американските санкции против Иран дополнително го намалија извозот на сурова нафта од членките на ОПЕК, што допринесе за дополнителен пад на понудата, која веќе беше и намалена по спогодбата за ограничување на спогодбата.

По настапувањето на периодот во кој РКЕ не донесе одлука за определување на највисоките цени, дел од домашните нафтени компании пристапија кон самостојно формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати кои се достапни на нивните бензински станици.

Од почетокот на неделава дизелот на светската берза поскапе за 24 долари по тон, а бензините поскапеа за 27 долари по тон.  Шокантен е заклучокот дека само во еден ден нафтата поскапе за 14 долари по тон.

Дали со новонастанатата ситуација на светските берзи македонските граѓани треба да очекуваат нов скок на цената на горивата во државата? Доколку се анализираат фактите растот на цената е неминовен, останува да видиме какви чекори ќе се преземат од страна на институциите и нафтените компании.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?