НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ: Еве колку ќе плаќаме за горивата во следните неколку дена
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021
Цените на горивата забележаа скок. Исходот од вчерашната одлука на РКЕ е да поскапат и бензините и дизелот.
Цените на бензините од полноќ се зголемија за два денари, а на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два и половина денари.
Тоа значи дека за ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе плаќаме 75,5 денари за литар, а за ЕУРОСУПЕР БС - 98 - 77,5 денари за литар.
Од друга страна литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 67,5 денари, а масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 67 денари за литар.