29 Март, 2024
0.0309

НОВ УДАР ПО ЏЕБ: Кумановци плаќаат поскапо за такси услуги

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Куманово од неодамна плаќаат повисока цена за такси услуги.

Тоа значи по десет денари повеќе за старт, односно 60 денари, а за секој поминат километар по 30, наместо 25 денари како претходно. Корекција на цената е на барање на Здружението на такси превозниците во Куманово. По седум години е направено коригирање на цените, со одлука која помина во општинскиот Совет.

„Јас сум за тоа да се покачи цената на такси услугите, но кога сите би биле регуларни и лиценцирани. Во спротивно од таканаречени диви таксисти ќе им падне прометот на регуларните. Граѓаните не прифаќаат да се покачи цената, заради стандардот, знаеме на кое ниво сме“, вели С.И. таксист.

И друг такси возач додава дека мало зголемување на цените било потребно, но никој не ги „лови“ дивите таксисти кои ги има во голем број.

„Добро е малку да се покачи цената, но диви таксисти има уште толку, и пак ништо не бива. Цената е покачена за само 10 денари“, вели овој такси возач.

На нелојална конкуренција такси возачите се жалат со години.

„Мораше да се покачи цената на такси превозот, затоа што сѐ поскапува, горивата имаат повисоки цени. Логично е да се зголеми и цената на такси превозот. Друга работа е што ние имаме давачки, а дивите таксисти возат без никакви обврски, и сето тоа си има удел. На луѓето првите два дена им беше чудно, се побунија во смисла „ми наплативте поскапо“, но потоа се навикнаа, а имаше и најава претходно за поскапувањето“, објаснуваат од локална такси компанија.

Тие додаваат дека нема многу работа и дека поради тоа и бројот на такси возачи е помал од порано.

Граѓаните се со поделени мислења околу поскапувањето, едни велат дека им пречи и се против, но има и такви кои поретко се возат со такси и велат дека им е сеедно. За нив новата цена нема да смени ништо.

„Бидејќи живеам во село, доцна навечер по излегување користам такси превоз, затоа што немаме јавен превоз. Инаку може општината да се ангажира малку и за ова, па барем во лето да има до полноќ линија“, вели Слаѓана М.

Но, Куманово не е изолиран случај. Општината Штип на седница на Советот, донесе одлука за поскапување на меѓуградскиот автотакси превоз во Штип. Според новиот ценовник, еден километар возење е поскап за пет денари и сега чини 25 денари.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење