Нов Зеланд станува дигитален рај
Објавено во: Свет 23 Септември, 2021
Нов Зеланд станува дигитален рај.
Амазон за жителите планира да изгради нова инфраструктура од светска класа, при што граѓаните на таа земја ќе учат нови дигитални вештини и ќе продолжат да им помагаат на локалните организации.
Водечкиот светски е-трговец Амазон планира да вложи 7,5 милијарди новозеландски долари, односно 5,3 милијарди американски долари, во изградба на нови дата центри на Нов Зеланд. Се работи за платформата "Amazon Web Services", а новите дата центри во идните 15 години ќе резултираат со отворање на 1.000 работни места, порачуваат од компанијата која, инаку, во текот на 2020-та година остварила импресивни резултати.