19 Април, 2024
0.0259

НОВА АНКЕТА: Што мислат Грците сега за името?

Објавено во: Балкан 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Грците имаат помеки ставови околу спорот за името. 

Половина од анкетираните Грци (50%) се со став дека заемно прифатливо решение за името со севкупна употреба е во служба на грчките интереси, додека (51%) одговориле дека Грција не може да постигне договор без да биде вклучен термин „Македонија“ во името. 

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење направено од агенцијата ALCO за грчкиот информативен портал News247.

Еден од двајца Грци (50%) смета дека заемно прифатливо име за севкупна употреба подобро би им служело на грчките интереси, наспроти 32% кои го одбрале одговорот дека е подобро да остане непроменет актуелниот статус. Останатите (18%), не знаеле или одбиле да одговорат.

Анкетата на ALCO за News247, е реализирана од 11 до 16 април, преку телефонски интервјуа, а биле опфатени 1.000 испитаници.

Ова е второ истражување во Грција за 48 часа што покажува поразлична слика на јавното мислење во однос на прашањето за името, наспроти анкетите од изминатиот период во кои според резултатите Грците имаа радикални позиции особено во врска со употребата на терминот Македонија.

Резултатите на агенцијата Palmos Analysis, во истражувањето за информативниот портал tvxs.gr (во сопственост на европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу), покажаа дека речиси 6 од 10 Грци се согласуваат со решение со сложено име за севкупна употреба, на македонски јазик, без превод, пропратено со промена на Уставот и прашањата поврзани со иредентизмот, додека, пак, 71% сметаат заемно прифатливо решение, ерга омнес им оди во прилог на грчките национални интереси.

Можеби ќе ве интересира

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци