20 Април, 2024
0.0276

Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. Лесно достапна за возачите, опремена со четири пумпи со најсовремена технологија, бензинската ќе понуди горива со врвен квалитет и интересни содржини за сите посетители. Со ова, малопродажната мрежа со брендот ОКТА се зголеми на вкупно 27 бензински станици, распространети низ целата држава.  

„Денеска семејството на ОКТА стана побогато со својот 27-ми член. Со извонредниот дизајн и иновативната технологија, оваа бензинска станица веднаш ќе прерасне во препознатлив симбол на градот Скопје. Сега, нашите потрошувачи можат да најдат сè на едно место – горива со врвен квалитет, одлична услуга, авто перална, мини маркет и светски познат ланец на храна. Со гордост можам да кажам дека тука нашите горива се проверени до последна капка“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

Новата бензинска станица ќе биде отворена 24/7, а во нејзин состав се достапни и дополнителни содржини - супер маркет, автоматска авто-перална, како и ресторан на KFC. Потрошувачите ќе бидат сигурни за квалитетот и количината на горивата кои ги купуваат, со оглед на тоа што, како и на останатите бензински станици со брендот ОКТА, и на оваа ќе се врши директна и редовна контрола на горивата преку Програма Гаранција, која е прва сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата во државата.

На отворањето на новата бензинска станица присуствуваа министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и бројни партнери и соработници.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга