Oваа болест „коси“ во Индија
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2021
Повеќе од 1.000 случаи на Денга треска има во Индија.
Денга треската е вирусна инфекција која се пренесува со каснување од комарец и е широко распространета во Југоисточна Азија.
За една година во Њу Делхи има над 1.000 случаи на треската Денга, од кои 238 се регистрирани само во последната недела. Ова го соопшти здравствената корпорација на индискиот главен град. Како што објави СЗО, не постои посебен третман за неа, а вакцината против неа може да се дава само на луѓе кои веќе ја прележале. Постојат четири серотипови на вирусот, што значи дека едно лице може да се зарази со Денга дури четири пати. Најголем број починати од Денга се регистрирани во 2015 година, кога таа во главниот град на Индија однела 60 животи. Индија беше една од најпогодените од коронавирусот.