Магдалена Ризова Черних ќе биде нова директорка на Театар Комедија.
Ова го потврдуваат од Министерството за култура, откако од таа функција е разрешена Нора Шакири.
„Министерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката на НУ Театар Комедија-Скопје, Нора Шаќири Марковиќ, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд.
Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес.
За нов в.д. директорна НУ Театар Комедија е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот“, се вели во одговорот кој го добивме од Министерството за култура.