26 Април, 2024
0.0263

НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА ИУТЕКРЕДИТ ВО СКОПЈЕ

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Денес во скопската општина Чаир беше отворена нова, осма по ред, експозитура на ИутеКредит.

Експозитурата се наоѓа нафрекфентна локација блиску до стадионот во Чаир, што ќе им даде на граѓаните од овој реон можност да се информираат и да аплицираат за кредит многу побрзо и поедноставно. На отворањето на новиот објект присуствуваше и бренд амбасадорот на ИутеКредит, популарниот рели возач Игор Стефановски Иџе.


ИутеКредит Македонија постојано расте и се развива, благодарение, пред сé на лојалните клиенти и соработници.

“Инвестираме во дигитализација на нашите услуги, но и во личен контакт со нашите коминтенти за покомфорно искуство, помалку гужви и чекање редови”, вели Горан Василев, главен извршен директор на ИутеКредит.

Финансиското друштво ИутеКредит нуди кредитирање на физички лица на суми до 150 000 денари на 36 рати, како и наменски кредити за купување на производи и услуги во голема партнерска мрежа, која опфаќа трговци од доста различни индустрии.

Со цел да одговори на потребите на граѓаните ИутеКредит нуди и специјализирани производи како кредит за пензионери до 75 години, кредит за рефинансирање на долгови во други финансиски друштва и единствена на пазарот Mastercard картичка која овозможува полесно користење на одобрениот кредит.

ИутеКредит во Македонија е присутна во шест градови и опслужува приближно 70 000 локални клиенти. Покрај Македонија, ИутеКредит работи и во Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет