23 Април, 2024
0.0259

Нова фекална канализација во Злокуќани

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во текот на денешниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје г-дин Душко Весковски, градоначалникот на град Скопје, г-дин Петре Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, г-дин Стефан Богоев, извршија увид на работните активности за изградба на уличната  фекална канализација по дел од ул.„Скупи“ во Злокуќани.

Имено, ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Град Скопје и Општина Карпош, пристапи кон проектирање на улична  фекална канализација по дел од ул.„Скупи“, а потоа како инвеститор започна и со изградба на истата. Во оваа фаза од решавањето на проблемот со фекалната канализација во населбата Злокуќани се опфати  дел од улица „Скупи“ на потег од патот за населеното место Бардовци до крстосницата -  семафорите кај улица „Скупи“ 3.

Причината за иницирање, имплементација и реализирана инвестиција во овој проект беше недостатокот на улична фекална канализација за одведување на фекалните отпадни води од страна на објектите во населбата  Злокуќани, која се наоѓа на северниот дел над ул.„Скупи“.

Со реализација на предметната  фекална канализација од Ø300 mm ќе се решат постоечките проблеми на жителите на објектите кои гравитираат кон улицата „Скупи“.  Реализацијата на овој проект отвора можност приклучоците од објектите да се пренасочат на новата фекална канализација која ќе минува по јавна површина, односно на дел од ул. „Скупи“ која ќе биде достапна за понатамошно одржување од страна на ЈП Водовод и Канализација - Скопје.

Инвестицијата на ЈП Водовод и Канализација – Скопје во овој проект изнесува околу 4.000.000,00 ден.

За изведбата на проектот предвидена е употреба на полипропиленски PP - HM канализациони цевки класа на крутост SN8 со DN300mm по целата должина од 335,00m, како и употреба на армирани бетонски шахти изработени од готови бетонски прстени Ø 1000mm.


Можеби ќе ве интересира

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа