Нова игра со граѓаните: Уставен суд го укина „славниот“ мораториум за градба во Центар
Објавено во: Економија 21 Март, 2019
Уставен суд вчера привремено го укина популарниот мораториум за забрана за градење што го донесе општина Центар до донесување на конечната одлука, а граќаните во ваквиот потег препознаваат нова игра. Во меѓувреме општинските органи ќе мора да издаваат дозволи за градба според постоечкиот урбанистички план.
Уставниот суд ја донесе одлуката по иницијатива на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Градежните комори подолго време на јавни настани истакнуваа дека мораториумот во Центар му носи голема штета на градежниот бизнис.
„Можеби не е погрешно ако констатираме дека градежната мафија ги има во свои раце сите институции“, реагираше граѓанското здружение Во одбрана на Дебар Маало.
Истовремено од О2 организацијата побараа побара од Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија да го испитаат работењето на уставните судии и во чии интереси евентуално го прават тоа.