29 Март, 2024
0.0250

Азески ја поздрави одлуката

Нова инвестиција на компанијата Даути Комерц во Црна Гора

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската компанија Даути Комерц ја официјализираше новата инвестиција во регионот од 3 ипол милиони евра во дистрибутивен центар во Подгорица Црна Гора, по веќе реализираните инвестиции во Косово и Албанија, пред голем број стопанственици, истакнати бизнисмени од целиот регион. На свеченото отворање на Дистрибутивниот центар во Подгорица присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески со тим од своите соработници.

По 14 години работа на црногорскиот пазар од 2004 година, своето присуство Даути Комерц сега го заокружува со сопствен стопански објект во Подгорица, преку кој ќе се третира увезената стока од Македонија, Србија, земји членки на Европската Унија, Азија, Јужна Америка.

                                              Азески ја поздрави одлуката

Во своето воведно обраќање пред присутните претседателот Азески, ја поздрави одлуката на компанијата Даути Комерц која продолжува да ги шири своите бизнис активности во регионални рамки во текот на 25 години и да прераснува во препознатлив регионален бренд. Азески потенцираше дека значајноста на овој стопански објект треба да се истакне имајќи го предвид фактот дека, за разлика од индустриските капацитети каде инвестициите и вложувањата се мерат првенствено во финансиски показатели, Даути Комерц како трговска компанија својот успех го потврдува во исклучително професионалниот начин на продажба и пласирање на производите на пазарот, со развиени најнови технологии во сите свои претставништва и навремените одлуки за инвeстиции кои се направени токму со цел подобрување на процесот на увоз и дистрибуција на стока до крајните потрошувачи. На тој начин компанијата успева да обезбеди доминантна позиција на производите и брендовите кои ги застапува на пазарите каде е присутна. Препознатлива е преку успешното пласирање на неколку македонски и меѓународни бренда на пазарите во регионот како што се “Бекутан” на Алкалоид АД Скопје, италијанскиот бренд за тестенина Дивела, млечниот бренд Мегле.

Со новиот деловен потег, Даути Комерц продолжува да ги остварува лидерски цели во сите претставништва во регионот и со тоа да ја  зајакнува и зголемува доминацијата и присуството на успешни македонски компании во регионот, докажувајќи ја на тој начин и конкурентноста на домашните компании кои следејќи ја својата визија и иновативност успеваат да се позиционираат и надвор од границите на државата. 

Активностите на компанијата, како што истакна претседателот на Комората Азески, треба да бидат насока и поттик за другите македонски компании, да го следат овој пример и да излезат од границите на македонскиот едвај два милионски пазар и да размислуваат регионално, односно како да го освојуваат пазарот со над 20 милиони потрошувачи во регионот но и пошироко.

Инаку, менаџментот на компанијата, досега има вложено 25 милиони евра во различни форми на стопански објекти. Освен увоз работи и извоз што уште повеќе го зголемува нејзиното значење. Континуираното вложување во нови кадри и вработувања, возен парк, шпедитерски услуги, укажува на значајниот придонес кој оваа компанија во домашната економија го има по повеќе основи. 


Можеби ќе ве интересира

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ