24 Април, 2024
0.0285

ЛУКОИЛ се проширува на македонскиот пазар

Нова инвестиција од ЛУКОИЛ: Отворена нова бензинска во населбата Ченто

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Во присуство на голем број претставници на Владата на Република Северна Македонија и локалната самоуправа, амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија, блиски соработници и пријатели на ЛУКОИЛ и голем бројмедиуми, компанијата „ЛУКОИЛ Македонија“ официјално ја отвори својата 31-ва по ред бензинска станица, која се наоѓа во населбата Ченто, на излезот од Скопје на патот кон Арачиново.

Таа e изградена по новиот корпоративен стил на компанијата, на површина од 2000 м2 и е повеќенаменски комплекс со маркет снабден со широк асортиман на производи, паркинг за лесни и тешки моторни возила, wi-fi и други поволности. Истата брои 12 вработени, а се наоѓа ул. Методија Андонов Ченто.

„Новата ЛУКОИЛ бензинска станица е дел од стратегијата на нашата компанија за проширување на македонскиот пазар. Нашата цел е секојдневно да го подобруваме квалитетот на животот на нашите потрошувачи, снабдувајќи ги со висококвалитетни горива и најефикасна услуга, па оттука ја продолжуваме традицијата на една од најуспешните компании во Македонија, каде што вложуваме и создаваме квалитетни и долгорочни врски со своите клиенти. Веруваме дека со оваа нова бензинска во Ченто, дополнително ќе им го олесниме патувањето на нашите лојални потрошувачи“, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Свое обраќање на настанот имаа и премиерот на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, како и амбасадорот на Руската Федерација во земјата, г. Сергеј Баздникин, кои пред медиумите истакнаа дека оваа инвестиција на ЛУКОИЛ е исклучително значајна за економијата на земјата.

„Дејноста на ЛУКОИЛ Македонија е видлив пример за успешна реализација на инвестициски проект, што, се разбира, позитивно влијае врз формирањето на објективниот образ на Русија во Северна Македонија, која е заинтересирана за унапредување на взаемно полезна соработка меѓу нашите братски народи. Ја забележуваме подготвеноста на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Отворени сме за продлабочување на нашата соработка, за проширување на истата врз нови сфери во тој степен, во кој тоа им одговара на нашите заеднички интереси“, рече амбасадорот на Руската Федерација во земјата, г. Сергеј Баздникин.

„Новата бензинска станица на ЛУКОИЛ е од извонредно значење за овој регион и ќе ги задоволи потребите на жителите на општините Гази Баба и Арачиново, како и на сите патници и деловни луѓе кои фреквентно го користат регионалниот пат Скопје – Куманово.Секако, од значење е и отворањето на новите работни места како придобивка за жителите на локалните заедници во двете општини.Ова е убава прилика со неколку зборови да потсетиме на нашата одлична соработка со компаниите кои доаѓаат од Руската Федерација, како и нашата принципиелна соработка со Руската Федерација, како значаен трговски партнер на РСМ со кој остваруваме интензивна трговска соработка која постојано бележи константна вредност“, изјави премиерот на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев.

Покрај премиерот и амбасадорот, на отворањето присуствуваа и министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески, градоначалниците на Општина Гази Баба и Општина Арачиново, г. Борис Георгиевски и г-а Миликије Халими, како и голем број други претставници на државните органи и локалните власти.

Инаку, на новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со економичното и еколошко гориво ЕКТО, кое е најефикасно гориво на македонскиот пазар, но и со масла од палетата на ЛУКОИЛ и широк спектар на дополнителен асортиман.Бензинската станица располага и со тераса за одмор на патниците каде што може да уживаат во своето омилено кафе.

ЛУКОИЛ во Македонија брои вкупно 31 бензинска станица, од кои 10 во Скопје и околината, по 3 во Тетово и во Битола, по 2 во Куманово, Охрид, Струмица и Гевгелија и по една во Кичево, Прилеп, Велес, Штип, Кочани, Радовиш и на Стража.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот