15 Април, 2021
0.0277

Нова колекција: Битсиани со стил кон иднината!

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2021

Почетокот на новата сезона со себе секогаш носи нови освежувања, а овие денови се чини сите се воодушевуваат од новата колекција на омилениот бренд на момците – Битсиани.

Иако во недостаток на свечени пригоди, оваа пролет момците повеќе од кога и да е сакаат да се средуваат и за состаноците што им ги носи денот, но и за секоја друга убава пригода која самите мора да ја создадеме.

Речиси и да не постои ништо подобро од она кога се чувствувате убаво одвнатре, но кога на тоа ќе му додадете совршено стилска комбинација составена од шик парчиња, тогаш сигурно ќе ви се допадне она што го гледате во огледалото.

Популарниот бренд за новата пролетна сезона понуди сосема нова и исклучително стилска колекција едноставно наречена „Forward“ со што повторно ја истакна филозофијата на Битсиани која секогаш се стреми единствено кон иднината и сето она добро што допрва треба да се случи.

Дизајнерите на брендот како и секогаш, создадоа парчиња од кои момците повторно се воодушевија, овојпат во неодоливи бои кои се одлика на она како треба да изгледа една стилска пролет.

Во истата сместија фантастични кошули изработени од материјал во кој ќе посакате да го поминете целиот ден, надополнети со модерни елеци комбинирани во неколку бои и дезени.

За оние кои пред сè бираат костими за секоја прилика, сезонава брендот нуди модернистички палта и панталони во исклучителни бои, дополнително истакнати со дезени во пруги кои секогаш потсетуваат на долга и топла пролет.

Како и секогаш, така и овојпат, тајната на успешната колекција на брендот се крие во спојот на функционалноста и беспрекорноста во кроевите, но сепак, прикажани во тренди модели за сите оние кои сакаат нешто повеќе од модата.

Без разлика на вашиот стил, новата колекција на брендот нуди сериозно добар избор, па секој ќе си го пронајде својот фаворит за оваа сезона.

Она што и овојпат привлекува е тоа што секој еден модел е вистински класик кој дефинитивно ќе ја краси секоја ваша комбинација во било која пригода, па така, речиси и да нема подобра инвестиција во моментов.

Колекцијата овојпат брендот ја претстави преку футуристичка фотосесија во која главната улога ја има моделот Џошуа Веи кој со својата индивидуалност одлично го претстави секој еден модел за новата сезона.

Парчињата од новата колекција на Битсиани можете да ги погледнете на следниот линк https://bit.ly/2OuYdq4, но задолжително посетете ја и продавницата на брендот во Скопје Сити Мол каде ќе го најдете сето она што ви треба за стилска пролет.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Објавен е годишниот резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година

Објавен е годишниот резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година

Макпетрол Инфо Поинт: Совети за безбедно претекнување

Макпетрол Инфо Поинт: Совети за безбедно претекнување

Голема наградна игра на Супер Кит-Го, Кит-Го и Тера Маркети, три автомобили во три извлекувања

Голема наградна игра на Супер Кит-Го, Кит-Го и Тера Маркети, три автомобили во три извлекувања

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

Сите услуги на KARIERA.mk БЕСПЛАТНИ за сите ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ до крајот на годината

Сите услуги на KARIERA.mk БЕСПЛАТНИ за сите ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ до крајот на годината

Независните тестирања потврдија: Прочистувачот Blueair Health Protect е првиот во светот кој го отстранува живиот коронавирус од воздухот

Независните тестирања потврдија: Прочистувачот Blueair Health Protect е првиот во светот кој го отстранува живиот коронавирус од воздухот

Битолска млекара се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“

Битолска млекара се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“

А1 Македонија со супер понуда за своите онлајн корисници: 50GB интернет, 10% попуст на месечна претплата и нов избор на атрактивни смарт уреди на рати

А1 Македонија со супер понуда за своите онлајн корисници: 50GB интернет, 10% попуст на месечна претплата и нов избор на атрактивни смарт уреди на рати

HUAWEI FreeBuds 4i го добија сертификатот од SGS - Smart Green Certification

HUAWEI FreeBuds 4i го добија сертификатот од SGS - Smart Green Certification