29 Март, 2024
0.0265

Нова лидерска, на старо место, напладне

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот и лидер на СДСМ објави дека прашањето на референдумот кој би требало да се одржи наесен да гласи : „Дали сте за членство во ЕУ  и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?

Ова прашање како можна опција е разгледувано на синоќешната средба во текот на четиричасовниот состанок на лидерите на партиите одржан во Клубот на пратеници.

Токму на истото место денеска напладне повторно ќе има лидерска средба.

Денешната средба произлегува од барањата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој не седеше на целата вчера одржана средба.

„Сите ние кои останавме на лидерскиот состанок сме за успешен референдум (за договорот за името со Грција) , а односот кој (лидерот на ВМРО ДПМНЕ) го демонстрираше во име на ВМРО ДПМНЕ е несериозен, неодговорен и ги навредува сите политички субјекти и граѓани на Македонија“, кажа Заев.

12 часот е терминот кој го закажа премиерот за нова средба а по барање на Мицкоски, на состанокот ќе присуствуваат само четирите големи партии.


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани