НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот
Објавено во: Економија 23 Септември, 2020
Катар останува најбогата земја во светот.
Врз основа на последните податоци на Меѓународниот монетарен фонд, составена е листа на 10 најбогати земји на светот.
Земен е в предвид бруто домашниот производ по жител.
Врз основа на овој важен статистички податок се мери богатството на една земја.
Дел од земјите со години се на оваа листа и се синоним за богатство.
10-те најбогати земји во 2020 година, според БДП по глава на жител се:
1. Катар: 138,9 илјади САД долари;
2. Макао: 113,4 илјади САД долари;
3. Луксембург: 112 илјади САД долари;
4. Сингапур: 105,7 илјади САД долари;
5. Ирска: 87 илјади САД долари;
6. Брунеи: 85 илјади САД долари;
7. Норвешка: 79,6 илјади САД долари;
8. Соединети Арапски Емирати: 70,4 илјади САД долари;
9. Кувајт: 67,9 илјади САД долари;
10. Швајцарија: 67,6 илјади САД долари.
Извор- Стопанска Комора на Македонија