20 Април, 2024
0.0262

„Нова“ организира онлајн хуманитарен базар за училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Пролетниот семеен базар кој го организира меѓународното училиште „Нова“ оваа година ќе заземе поинакво онлајн издание и ќе ја задржи хуманитарната димензија со тоа што собраните средства ќе бидат насочени кон основното училиште за деца со посебни потреби „Иднина“ во Скопје. Онлајн настанот ќе се случи на 28 мај (четврток) во 18 часот и ќе може да се проследи преку фејсбук-страницата и јутјуб каналот на „Нова“.

Ќе може да се погледнат кулинарските таленти на членовите на заедницата во меѓународното училиште, интервјуа, танцувачки настапи и изведби на песни додека сите заинтересирани ќе може да донираат средства преку интернет-страницата на „Нова“ https://nova.edu.mk/CreateOrder.aspx

- За жал, светската пандемија ги смени плановите за овогодинешниот семеен базар, но одлучивме да не ја прекинуваме традицијата и да го организираме онлајн. Здравјето на нашата заедница, на нашите ученици и секако на сите граѓани ни е од огромна важност поради што програмата и концептот се адаптирани на овој начин. Нашето училиште од 11 март престана со работа, а часовите комплетно се оддржуваат онлајн и така ќе остане до крајот на учебната година. Со семејниот базар сакаме да им дадеме интересна содржина на сите граѓани кои се дома и воедно заедно да собереме средства за Посебното основно училиште „Иднина“ – велат од „Нова“.

Семејниот базар е организиран од Здружението на родители и професори од „Нова“ во соработка со училиштето. Досега дел од собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ итн.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга