„НОВА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ“: Националната агенција за европски образовни програми со мерки против корупцијата
Објавено во: Македонија 28 Април, 2025 14:02
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објави дека започнува клучна постапка во рамки на заложбите за транспарентност и борба против корупцијата.
- Денес, директорот на Националната агенција, Петар Богојески, донесе нова процедура за постапката за избор на надворешни експерти/евалватори за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од одобрени проекти, како и за апликации во рамките на програмите Еразмус+ (2021–2027) и Европски солидарен корпус (2021–2027).
Во таа насока, ќе следува целосна реевалуација на постојните евалватори, согласно највисоките професионални стандарди и етички норми. Потоа, ќе биде објавен нов јавен повик за избор на професионални и департизирани евалватори, експерти од различни области, кои со својата стручност и интегритет ќе придонесат кон натамошно зајакнување на кредибилитетот на Агенцијата - се наведува во соопштението испратено до медиумите од страна на Националната агенција.
Во него исто така се додава деак „со оваа постапка, Националната агенција испраќа јасна порака дека борбата против корупцијата е приоритет и дека се стреми да биде пример за интегритет и професионализам, не само во нашата земја, туку и во земјите членки на Европската унија“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка
Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино
ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија





