Нова трагедија: Се урна патнички авион со над 80 патници
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2020
Патнички авион со над 80 патници се урна денеска во Авганистан, во територија која е управувана од Талибанците, соопштуваат светските медиуми. Според првичните информации авионот се срушил и се запалил. Нема информации за официјален број на жртви.
Локалните власти изјавија дека станува збор за за авион Боинг 737-400 кој е дел од патничката флота на Ариана Афгхан Ерлајнс, но компанијата го демантираше ова.
Нема информации ниту за тоа од каде тргнал и која е крајната дестинација на авионот. Локалните власти рекоа дека 83 лица и членови на екипажот беа во леталото.