НОВА ЗАКАНА: Луѓето во Австралија мора да внимаваат
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2020
Експертите ги предупредуваат луѓето во Австралија да внимаваат на смртоносни пајаци, бидејќи се создадени „совршени услови“ за да живеат, пренесе Си-ен-ен.
Влажните шумски предели во источна Австралија стануваат природно опкружување за неколку видови пајаци познати по својот високо токсичен отров со брзо дејство. Меѓу нив е и сиднејскиот левак-пајак (Atrax robustus). Во средата, од австралискиот Парк на рептили, кој се наоѓа во Сомерсби, Нов Јужен Велс, е кажано дека активноста на пајаците во последните денови е зголемена.
Претходно, Австралија се бореше со пожари, но и невреме проследено со град.