НОВАК НЕ Е РИЗИК ЗА АВСТРАЛИСКИТЕ ГРАЃАНИ-НАЈНОВИ ДОКУМЕНТИ: Што достави австралиското министерство за здравство до судот
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2022
Надлежните од
австралиското Министерство за здравство во официјалната документација доставена
до Судот посочуваат дека Новак Ѓоковиќ не претставува опасност за државата.
Претходно беше објавено дека Ѓоковиќ добил позитивен тест за коронавирус на 16 декември, а негативен на 22 декември.
Тој е асимптоматски од 27 декември, па прашање е како може да биде закана за околината.
„Користејќи ги горенаведените претпоставки, можеме да потврдиме дека Новак Ѓоковиќ бил заразен со корона вирусот, па иако не бил вакциниран, тоа значи дека е заштитен од ковид во следните неколку месеци“, се наведува во судските документи.
Неговиот негативен тест кој го доби на 22 декември покажува и дека се заразил со вирусот и дека има антитела, се посочува.
„Не е голема веројатноста да биде опасен, затоа цениме дека тој не е ризик за жителите на Австралија“, се наведува во судските документи.