Нови апсења на Срби на Косово
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2019
Во Зубин Поток на Косово денеска околу 14 часот, се уапсени уште двајца припадници на косовската полиција од српска националност, објави „Блиц“.
Oвие апсења за разлика од, како што е наведено, бруталната акција во вторникот не ја извршиле припадници на специјалната единица РОСУ туку припадници на Истражната единица на Полицискиот инспекторат на Косово.
Во вторникот беа уапсени 11 полицајци Срби, а вчера беше уапсена припадничка на граничната полиција.
Вкупниот број на уапсени сосе цивили беше дваесетина.