Нови цени на горивата ќе имаме од полноќ
Објавено во: Економија 07 Април, 2021
Бензините поскапуваат за половина денар.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ поскапуваат за 0,50 денари за литар. Цената на еуродизелот ќе порасне за 3 денари за литар, објави попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 опстанува непроменета.
Откако пратениците во Собранието ги усвоија измените на Законот за акцизи, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги изврши измена на Одлуката од 5.04.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.