НОВИ ЦЕНИ ОД ПОЛНОЌ: Дизелот поевтинува
Објавено во: Економија 19 Март, 2018
Малопродажните цени на нафтените дериватите се намалуваат за 0,75 проценти, како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи
Според соопштението на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините остануваат исти.
Новата цена на дизелот изнесува 57,5 денари, а на маслото за домаќинство 46 денари. Со нешто пониска цена ќе биде и мазутот, односно 27,636 денари за килограм.
Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 20.03.2018 година.