19 Јули, 2019
0.0219

Нови деведесетина мигранти пристигнале на островот Самос во Грција

Објавено во: Балкан 14 Април, 2019

Една жена била пронајдена мртва, односно удавена на грчкиот остров Самос во Егејското Море, каде што пристигнале 51 мигрант, а група од 41 мигрант биле спасени, објави грчката крајбрежна стража.

Според мигрантите, една жена, која е пронајдена мртва, паднала во водата пред групата од 51 лице да успее да избега на карпестиот брег во близина на пристаништето Карловаси во Самос, објави крајбрежната стража.

Грчката патрола спасила втора група од 41 лице на брод кој имал тешкотии во морето во Самос и безбедно ги пренесле во пристаништето.

Самос е еден од петте грчки острови во Егејското Море, каде што голем број на мигранти и бегалци секојдневно пристигнуваат од Турција, во обид да стигнат до побогатите делови на Европа.

Приливот на мигранти значително се зголеми од почетокот на јануари.

Кампот во Самос е најнаселен, со 3.700 жители, според официјалните податоци.

Грчкиот министер за мигранти, Димитрис Вицас, неодамна објави дека во Самос ќе биде отворен нов камп за решавање на проблемот со пренаселеноста.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Повреден турист, трудница префрлена во болница, срушени фасади

(ВИДЕО) ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Повреден турист, трудница префрлена во болница, срушени фасади

По силниот земјотрес уште осум потреси близу Атина

По силниот земјотрес уште осум потреси близу Атина

ПОПЛАВИ ВО ТУРЦИЈА: Се трага по седум луѓе, меѓу кои има и четири деца

ПОПЛАВИ ВО ТУРЦИЈА: Се трага по седум луѓе, меѓу кои има и четири деца

ОДИ ВО ХАГ: Харадинај повеќе не е премиер на Косово

ОДИ ВО ХАГ: Харадинај повеќе не е премиер на Косово

(ВИДЕО) Десетина луѓе биле заглавени во лифтови, еве како се тресеше Aтина

(ВИДЕО) Десетина луѓе биле заглавени во лифтови, еве како се тресеше Aтина

Силен земјотрес ја погоди Атина

Силен земјотрес ја погоди Атина

Цени од кои „боли“ глава

Цени од кои „боли“ глава

Ограбени Срби повикуваат на претпазливост во Грција

Ограбени Срби повикуваат на претпазливост во Грција

Жена од Албанија и маж од Турција тргувале со органи во Косово

Жена од Албанија и маж од Турција тргувале со органи во Косово