НОВИ И КОРИСТЕНИ АВТОМОБИЛИ, ТОВАРНИ ВОЗИЛА, ПЛОВИЛА... - NLB Lease&Go влегува на македонскиот пазар за лизинг услуги, еве што може да се закупи

Објавено во: Финансии 30 Ноември, 2022
Една од најголемите и најмоќните банки во земјава, НЛБ, влегува во сферата на лизингот. Услугите ќе можат да ги користат и граѓани и фирми, а на тој начин ќе може да се закупат нови и користени автомобили, товарни впозила, автобуси, пловила...
Практично, на домашниов пазар за лизинг услуги влегува NLB Lease&Go, информација која НЛБ банка ја сподели со инвеститорската јавност преку ценовно чувствителна информација објавена на берзата.
„НЛБ Банка Скопје како една од најреномираните и системски значајни банки на пазарот кај нас најавува ново поглавје во своето работење кое на клиентите ќе им овозможи лизинг услуги. Имено друштвото е основано од НЛБ Банка Скопје, која поседува 49 отсто од вкупниот основачки капитал на друштвото, заедно со NLB Lease&Gо, лизинг д.о.о. Љубљана. Се очекува до крајот на оваа година и овој сегмент од работењето на друштвото официјално да започне со работа“, се вели во информацијата што ја пласираше банката.
Понудата на NLB Lease&Go Скопје ќе биде наменета за физички и правни лица и ќе опфаќа закуп на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, земјоделска и градежна механизација, како и друг вид опрема и машини.
„Оперативниот модел на новиот член на НЛБ Групација како најголема регионална банкарско-финансиска групација, ќе биде фокусиран на креирање иновативни и едноставни решенија за врвно корисничко искуство и целосна дигитализација на процесите.
Деловната активност на новата компанија ќе опфаќа широк спектар на решенија за лизинг, вклучувајќи и осигурување и други придружни услуги за користење на возилата и опремата кои ќе бидат дадени под закуп“, се вели во информацијата која банката ја пласираше преку Берзата.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР ОТКРИВА: Што да се очекува од спојувањето на Комерцијална и Стопанска Битола - ЌЕ БИДЕ ЕДНА НАВИСТИНА ГОЛЕМА БАНКА
ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ГОЛЕМО БАНКАРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ - Комерцијална банка ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола

ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите

„ГАСПРОМ“ ГО ОТФРЛИ ДОЛАРОТ: Трансакциите ги вршат со јуани и рубљи

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ НА ЧАС: „Срамно мал износ“

ШТО ГИ СТОПИ ГРАЃАНСКИТЕ ДЕПОЗИТИ ВО АВГУСТ - има ли врска граѓанската обврзница, а еве што објасни монетарната власт
„ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е 36.200, ТУКУ 24 ИЛЈАДИ“: Глигорова со поразувачка пресметка за трошоците на едно семејство

Доларот зајакна десетта недела по ред: „Не се случило 10 години“

ГЕРМАНИЈА СТАНА „БОЛНИОТ ПАЦИЕНТ“ НА ЕВРОПА: Падна најмоќната институција, Берлин во виорот на мизерија и очај
