Нови избори нема да ги решат работите, ќе ги повториме резултатите, вели Заев
Објавено во: Македонија 10 Август, 2020
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека нови избори нема да ги решат работите, туку потребно е да се формира влада.
„Ќе ги повториме резултатите. Влада треба да се формира. Треба да се формира влада секако таму каде што ќе се најдат решенијата за формирање на влада. Нашиот став, а и ставот на другите партии со коишто разговараме е дека сега нема причина да се размислува за предвремени избори. НАТО е завршена работа, одлука за преговорите имаме, меѓувладина конференција се закажува за почеток на отворање поглавја, ќе треба да работиме, а и да оставиме предвидливост и за економијата, за граѓаните и за сите“, рече Заев.