29 Ноември, 2020
0.0219

Нови пациенти во болниците: 600 луѓе се хоспитализирани, се бараат места по клиниките

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2020

Нови хоспитализации на инфективните одделенија во земјава. Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, а таму нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот Венко Филипче денеска побара од директорите на интерните клиники да обезбедат и дополнителен капацитети за ковид пациенти. Ќе се мобилизираат сите за да се обезбеди место за најтешките пациенти.


Можеби ќе ве интересира

Заев за прв пат директно му се спротивстави на Каракачанов: Доста беше навреди и недолични пораки!

Заев за прв пат директно му се спротивстави на Каракачанов: Доста беше навреди и недолични пораки!

(ФОТО) Денот на независноста на Албанија во Кичево

(ФОТО) Денот на независноста на Албанија во Кичево

Груби: И со Преспанскиот викаа дека ќе се изгуби идентитетот, па државата остана таква каква што ја знаевме

Груби: И со Преспанскиот викаа дека ќе се изгуби идентитетот, па државата остана таква каква што ја знаевме

Ќе се најде ли викендов решение со Бугарија? Од Владата потврдуваат дека има размена на мислења

Ќе се најде ли викендов решение со Бугарија? Од Владата потврдуваат дека има размена на мислења

Денеска 1.022 нови случаи, 41 починат

Денеска 1.022 нови случаи, 41 починат

(ВИДЕО) Масовна тепачка помеѓу штипјани и кавадарчани, полицајци не знаат каде попрво да реагираат

(ВИДЕО) Масовна тепачка помеѓу штипјани и кавадарчани, полицајци не знаат каде попрво да реагираат

Најдолгохоспитализираниот пациент од Ковид-19 во Македонија не може шест недели да излезе од болница

Најдолгохоспитализираниот пациент од Ковид-19 во Македонија не може шест недели да излезе од болница

Поранешниот српски претседател Предраг Марковиќ: Заев си даде автогол, иако е во право за ослободувањето заедно со Бугарите

Поранешниот српски претседател Предраг Марковиќ: Заев си даде автогол, иако е во право за ослободувањето заедно со Бугарите

Експресно згасна Фејсбук-група по заканата од Спасовски

Експресно згасна Фејсбук-група по заканата од Спасовски