20 Април, 2024
0.0272

Нови протести против Законот за јазици - Кој ќе ја смири топката?

Објавено во: Македонија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Нови протести против веќе изгласаниот Закон за употреба на јазиците се најавуваат на социјалните мрежи, како во главниот град, така уште поизразено и низ повеќе градови низ Македонија. Начинот на кој беше изгласан законот очигледно внесе немир кај македонските граѓани кои засега својот без претежно го изразуваат на спонтаните протести за кои ВМРО-ДПМНЕ официјално тврди дека не ги организира. 

Исто така најголемата македонска опозициска партија тврди дека не стои ниту зад протестите на граѓани пред домовите на пратениците од владејачкото мнозинство, ниту пак се согласува со пораките кои таму се пренесуваат, како и тоа дека се против било какви навреди и провокации. 

Сепак, членовите на СДСМ не ги прифаќаат ваквите објаснувања и поради недоличните протести пред нивните домови најавија поднесување на кривични пријави против демонстрантите кои ги навредуваат со изјави дека се предавници. Според владејачката партија на овие протести има постојано истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, локални фунционери и партиски војници, па затоа нема да молчат пред заканите. 

Владата се обидува да започне нов политички циклус со тоа што Законот за употреба на јазиците ќе биде вчерашна вест за да се посвети на реформите, евроинтеграциите, сплотеност за решавање на спорот за името и внимание на економската програма. 

Секако, и опозицијата треба да најде начин како да делува без да им наштети на државните интереси баш во овие клучни и критични моменти, да најде начин да ги ублажи незадоволствата кај своите членови кои може да излезат од контрола и да предизвикаат насилство, да упати посилни апели за спречување на говорот на омраза што создава раздор и нови улични судир со Албанците, како и да понуди смиреност и јасен тон на критика кон власта, но не по цена на злоупотреба на актуелната ситуација со враќање на познатата реторика за поделби на предавници и патриоти.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан