09 Декември, 2025
0.0561

Нови раководства, исти резултати: Национално акционерско друштво направи загуба од 32 милиони евра за три месеци

Објавено во: Економија 09 Декември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии конечно ги објави резултатите од работењето на националните јавни претпријатија и акционерски друштва за второто тримесечје од оваа година, во чии рамки може да се потврди дека АД ЕСМ за еден квартал повторно направи голема загуба - ввој пат од 32 милиони евра.

Тоа е втор негативен квартал вв низа за државните електрани оваа година, со тоа што во првиот од годинава имаше загуба од 45 милиони евра  По првата половина од работењето во 2025, ЕСМ кој во меѓувреме уште еднаш се задолжи кај домашните приватни банки, има загуби од околу 77 милини евра.  Минатата евиденција покажува дека дури шест квартали по ред ЕСМ работи со значителен негативен резултат кај сите од нив.

За разлика д ЕСМ, на операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО му оди добро и има добивка од 11 милиони евра,  Стандардно добро работат и ЈП Државни патишта и АД Државна лотарија. Загрижува ситуацијата со јавното претпријатие „Стрежево“ Битола кое обезбедува вода за ладење на блоковите на РЕК Битола на АД ЕСМ. Втор квартал по ред има речиси милион евра загуба, иако не важи за големо друштво.

АД Пошта е веќе приказна сама за себе со негативен резултат остварен за работењето во април, мај и јуни од минус 1,7 милиони евра. Станува збор за негативно работење во низа на квартали, исто како и „Национални шуми“, за кое беше речено од новата власт дека новопоставеното раководство ќе го стабилизира работењет на овој загубар Сепак, ситуацијата вели друго - повторно квартална загуба од речиси милион евра

АД Водостопанство продолжува со негативното работење со минус од половина милион евра, а понатаму во финансиска дупка пропаѓаат двете железнички претпријатија - и транспортното и тоа за инфраструктура имаат по 1,25 милини евра негатива, со тоа што кај ова првото веќе машинскиот персонал се побуни и одби да работи.

Министерството за финансии единствено позитивно може да гледа на тоа што во вториот квартал од 2025 збирот на билансите од сите 29 национални акционерски друштва и јавни претпријатија е позитивен и изнесува добивка од 41 милиони евра, но тоа најмногу се должи на резултатот ЈП Државни патишта,  а ова друштво ги прикажува добивките на сосема друг сметководствен начин.

А.К.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ИЗИЏЕТ“ СО НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: Следното лето ќе се лета од Бодрум до Скопје и Сараево

„ИЗИЏЕТ“ СО НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: Следното лето ќе се лета од Бодрум до Скопје и Сараево

Се зголемиле девизните резерви

Се зголемиле девизните резерви

Трамп ѝ дозволи на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција во Кина

Трамп ѝ дозволи на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција во Кина

Која економија беше најдобра во 2025 година?

Која економија беше најдобра во 2025 година?

ЗА РАСТЕЊЕ НА ДЕТЕ МЕСЕЧНО СЕ ПОТРЕБНИ ОД 12.000 ДО 16.000 ДЕНАРИ: Во минатото било или денес е финансиски потешко?

ЗА РАСТЕЊЕ НА ДЕТЕ МЕСЕЧНО СЕ ПОТРЕБНИ ОД 12.000 ДО 16.000 ДЕНАРИ: Во минатото било или денес е финансиски потешко?

Германија во проблеми – еден милион работни места „зјаат“ празни

Германија во проблеми – еден милион работни места „зјаат“ празни

ОД ПРВИ ЈАНУАРИ НЕМА ВЕЌЕ РАБОТА НА ЦРНО: Стапува на сила законот за сезонско работење

ОД ПРВИ ЈАНУАРИ НЕМА ВЕЌЕ РАБОТА НА ЦРНО: Стапува на сила законот за сезонско работење

ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод

ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“