Нови случаи на африканска чума во Бугарија
Објавено во: Балкан 08 Август, 2019
Нови случаи на африканска свинска чума се регистриран во селото Осен во Бугарија.
Еутанизацијата на свињи во Силистра трае, а денеска жителите протестираа блокирајќи ги патиштата поради усмртувањето на домашните свињи.
Според Регионалната дирекција за безбедност на храна во Силистра, сите активности поради африканската свинска чума мора да завршат до петок.
22 095 свињи веќе се еутанизирани и погребани. Следува дезинфекција на областа.
ЕК вели дека ситуацијата е многу загрижувачка и мора да се применат итните мерки.