24 Април, 2024
0.0271

НОВИ СНИМКИ: Мицкоски разговара за Законот за ЈО со осуммината исклучени пратеници од ВМРО

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

На јутјуб каналот „Обнова на режимот“, денеска се објавени четири нови аудио снимки на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој, според објавувачот на снимките, разговара со осуммината исклучени пратеници од ДПМНЕ.

Имено, тие беа избрани од листа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2016 година, ама беа исклучени од партијата откако ги поддржаа уставните измени според Преспанскиот договор, а потоа гласаа и за двотретинскиот Закон за Јавно обвинителство.

Во првата снимка Мицкоски говори за „понуда“ со која би се излегло на следна средба. Во втората снимка, пак, тој посочува дека еден ден вистината ќе излезе на виделина, веројатно мислејќи на начинот на кој пратениците биле убедувани да го поддржат Преспанскиот договор.

Понатаму, во третата снимка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им предочува на соговорниците дека низ посетите на општинските комитети барал да не бидат напаѓани. И во четвртата снимка говори за Законот за јавно обвинителство. 

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката