20 Април, 2024
0.0265

Нови вонредни летови од страна на WIZZ AIR за враќање на македонските граѓани дома

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, вчера спроведе нови вонредни летови со кои превезе 138 македонски државјани од Лондон Лутон кои немаа можност да се вратат дома поради рестрикциите за патување предизвикани од пандемијата COVID-19. И новите летови повторно се резултат на блиската соработката помеѓу Wizz Air и Владата на Република Северна Македонија. Wizz Air повторно одговори со навремена и брза помош на патниците кои имаа потреба да се вратат дома кај своите сакани.

Првиот лет беше од Скопје до Лондон Лутон, слетувајќи на дестинацијата во 14:15 часот по локално време на 06 Април. Од таму со 138 патници на летот, авионот се врати во Скопје каде слета во 19:00 часот по локално време. Вклучувајќи го и овој лет „Wizz Air“ вкупно дома врати повеќе од 600 македонски граѓани од Хрватска, Малта и Германија. Сите летови беа организирани со  Airbus A320 авиони. Wizz Airе посветен да им помага на своите македонски и европски патници. Активностите на авиокомпанијата го претставуваат верувањето на компанијата, а тоа е дека заедничката соработката е единствениот начин да се надминат сите предизвици што ги предизвикува пандемијата COVID-19.

Paulina Gosk,Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави:Одлично е чувството што можеме да им помогнеме на оние кои имаат потреба да се вратат кај своите фамилии во овој тежок период, како и што знаеме дека заедно можеме да се соочиме со оваа пандемија поефикасно. Wizz Air е посветен на своите патници, а така и ќе продолжи без разлика на околностите. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот отсекогаш била наш најголем приоритет и ние остануваме верни на овој принцип под какви било услови, особено во овој период.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга