НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Министерката Ангеловска очекува невработеноста да се намали на 16 отсто
Објавено во: Економија 22 Февруари, 2020
Министерката за финансии Ника Ангеловска очекува за годинава да се постигне планираниот раст од 3,8 отсто.
Таа во интервју за Капитал рекла дека растот за годинава е планиран на 3,8 проценти, и дека тоа е реална проекција во линија со Народната банка. Проекцијата се базира на очекувањата за раст на бруто инвестициите од 8 отсто, раст на приватната потрошувачка како резултат на раст на вработеноста и платите и на извозот.
„Предвидениот раст на економската активност се очекува да биде придружен со раст на вработеноста и намалување на невработеноста. Се очекува во 2020 година бројот на вработените да порасне за 2,1 процентни поени, додека стапката на невработеност да се намали на 16 отсто. Растот на просечната нето-плата се очекува да изнесува 6,3 проценти на номинална основа“, изјавила Ангеловска.