Нови жртви и опасност од разгорување на војна
Објавено во: Свет 16 Август, 2019
При престрелки на индиската и пакистанската армија загинаа најмалку пет лица.
Зголемените тензии во регионот се резултат на одлуката на индискиот премиер Нарендра Моди да го прекине автономниот статус на регионот Џаму и Кашмир на 5-ти август.
Двете земји контролираат дел од спорната територија, но тврдат дека во целост им припаѓа само на нив. Регионот е точка на судир меѓу две земји кои располагаат со нуклеарно оружје, а поради неодамнешните судири, многу експерти стравуваат дека е можен поголем воен конфликт меѓу двете соседни земји.