19 Април, 2024
0.0303

Новина во KFC: Отсега, бесплатна достава на највкусното пилешко до твојот дом

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

KFC Македонија, како лидер на македонскиот пазар кога станува збор за крцкаво пилешко, воведе сопствена достава на територијата на Скопје и Тетово. Со цел на сите љубители на пилешкото, на различни локации низ градот, да им се овозможи на лесен начин да дојдат до вкусните специјалитети, доставата ќе се врши бесплатно.

Процесот на достава е спроведен според познатите глобални стандарди на франшизата за контрола на квалитет, хигиена и безбедност на храната. Секој доставен оброк ги почитува главните принципи на брендот - свежо направено, брзо и безбедно доставено! Притоа, особено внимание е посветено на вопоставување минимален контакт во целиот процес, од подготовка до достава, што е особено важно во обидот за запазување на мерките за безбедност. За целите на доставата, компанијата обезбеди професионални возила кои ќе овозможат брза и сигурна испорака.

Од КФЦ велат дека лансирањето на сопствена достава е уште еден начин да дојдат поблиску до своите потрошувачи и да ги направат нивните специјалитети достапни за секого, во секое време, на секоја локација. “Нашата филозофија е на нашите гости да им понудиме вкусно и лесно решение за квалитетен оброк, како и брза и безбедна услуга. Со новата платформа за достава, која е целосно менаџирана од KFC тимот, омилените оброци ќе им бидат достапни на сите љубители на KFCдо нивната адреса за просечно време од 30мин. Целиот тим работи на обезбедување врвна услуга според глобалните стандарди на франшизата, се со цел да им понудиме нова вредност на нашите гости и да бидеме поблиску до нив”.

Нарачките ќе се одвиваат онлајн, преку веб-страницата delivery.kfc-mk.com, која е практична и лесна за употреба и овозможува следење на статусот на нарачките, а за поголема флексибилност, ќе има можност за плаќање со кеш или картичка. На потрошувачите дополнително ќе им бидат понудени ексклузивни промоции кои ќе бидат достапни само преку овој канал, а за лојалните корисници се подготвуваат голем број на поволности.

КФЦ Македонија како еден од најиновативните брендови во државата уште еднаш покажа дека е во чекор со сите трендови и секогаш наоѓа начин да го одржи високиот стандард на работење и услужување.

Посетете ја веб-страницата за нарачки на следниот линк и уживајте во вкусен и крцкав оброк од удобноста на вашиот дом.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година