20 Април, 2024
0.1246

Новинарите на Блумберг обвинети за шпионирање банки?!

Објавено во: Свет 12 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Една од најголемите американски банки Голдман Сакс ја обвини новинска агенција Блумберг за шпионирање на нејзините службеници. Според управата на банката, преку терминалот на Агенцијата нејзини службеници можеле да добиваат инсајдерски информации од Голдман Сакс. Од Блумберг пак, чиј сопственик е градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, категорично ги отфрлаат обвинувањата. „Во својство на новинска агенција ние се држиме до принципите на објективност и исправност. Имаме своите извори, но не сме ЦИА. Станува збор терминал кој им служи на банките вклучени во него. Ние немаме потреба од Голдман Сакс, туку напротив - тие имаат потреба од нас ", реагира Блумберг. Финансиските компании од Вол Стрит на Блумберг му плаќаат милиони долари на годишно ниво за да го закупат терминалот на Блумберг каде постојат бројни деловни податоци, односно по 200 илјади долари за пристап по компанија. Терминалот сепак треба да биде одвоен од информативниот блок кој ги прави вестите на Агенцијата Блумберг. За многу банки кои се вклучени на терминалот на Блумберг, рефлексивноста движењето на финансиските пазари и времето поврзано со информациите на Агенцијата се од голема помош.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски