НОВИНАРКАТА КАТЕРИНА ГЕТЕВА ОСЛАБЕ 31 КИЛОГРАМ ЗА ЕДНА ГОДИНА
Објавено во: Стил 02 Мај, 2018
Се задишував. Тој ден сфатив дека мора нешто да променам во мојот живот
Новинарката Катерина Гетева, од информативната редакција на ТВ „Алфа“, уредник и автор на емисијата „Несомнено“, за една година успеа да ослабе 31 килограм, со помош на специјален режим на исхрана. Кети, која е струмичанка и вели дека храната е срце во нејзиниот дом, со слабеењето почнала по шега, која на нејзина сметка ја кажала блиска личност.
„Минатата година на 1 мај, шега што ја кажа една моја драга личност, а се однесуваше на моите килограми, прво ме насмеа до солзи, но исто така и ме замисли. Таа негова шега како да ме освести дека на работа, кога ги качував 15 те скали од монтажа до редакција, јас се задишував.
Тој ден сфатив дека мора нешто да променам во мојот живот“, ја започна својата приказна Катерина.