20 Април, 2024
0.0280

НОВИНАРОТ ШТО ЈА ОБЈАВИ ВЕСТА ЗА ВЛАДИЦИТЕ: Нивното лекување во приватна болница е одговорен потег

Објавено во: Македонија 13 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Новинарот Марјан Николовски од Телевизија Сител, кој ја објави веста за лекувањето на двајцата владици Петар и Агатангел од ковид 19 во приватна болница, преку фејсбук реагира за начинот на кој другите медиуми и новинари ја истолкувале оваа вест.

Според него, целосно погрешен е пристапот на новинарите кои акцентот го ставиле на тоа што владиците се лекуваат во приватна болница и од каде им се парите за тоа. Вели, наместо да фаќаат врски и да го земат местото на некој друг во државните болници, тие се платиле во приватна установа.

Николовски го кажува и мотивот зошто решил да ја објави оваа вест.

„Играта се вика журнализам...

Уште на почетокот ќе бидам нескромен и ќе речам: Ако не сакав да ја објавам веста за двајцата владици на МПЦ-ОА кои се на лекување поради Ковид 19, никогаш немаше ниту да дознаете дека се заразени, а не пак и каде се лекуваат.

Но, одлуката да ја споделам веста беше професионален порив и мотивинарана од талибанските православци кои пред Велигден агресивно и нахално се нафрлаат на сите свештеници кои зборуваат за сериозноста од вирусот и потребата од вакцинација. Целта беше кога ќе прочитаат дека двајца владици на МПЦ-ОА се на болничко лекување, можеби ќе стават прст на глава и ќе разберат дека Бог е милостив и помага така што создал лекари и медицина.

Но, очигледно направив превид... Не изанализирав добро дека македонскиот журнализам е како прле пред магаре и наместо за суштината се фаќа за формата.

Така, фаќајќи се за формата, на талибанските православци им овозможи лежерност да продолжат со своите конспирации, затоа што од се, моите драги журналисти, се фатија за приватното лекување на владиците. Од кај пари, како не им е срам, што се тие повеќе од верниците.. и се така по ред“, пишува Николовски.

Суштината, според него, дека свештениците имаат сериозен проблем со учени-недоучени верници, остана да плови по Вардар.

„Работејќи повеќе од две децении на религија и верски прашања, одамна ми стана јасно дека најлесно тренирање демократија во Македонија е ако удрите врз МПЦ. Тука имате бришан простор, лесно се освојува емоција, лесно се поентира. Нешто слично е и со други верски заедници, иако, на пример, тренирањето демократија кај некои други верски заедници знае да побуди страв, а со тоа и малку повеќе самоконтрола.

Како и да е... Нашиот журнализам, како и обично покажува високо ниво на неодговорност и неможност да се канализира во суштината на општествена вредност. Тоа е така затоа што се води од сензационализмот, а не од општествената одговорност.“, вели, меѓу другото Николовски.

Натаму додава. 

Еве јас ќе кажам дека одлуката на Петар и Агатангел да се лекуваат во приватна болница е совршено ниво на општествена одговорност, како што доликува на еден владика и за тоа можам да полемезирам до утре. Зошто?

Владиката Петар има 75 години, Владиката Агатангел 66 години. Хоспитализирани се превентивно поради можни компликации од различен вид од вирусот. И, наместо да користат капацитети во државните болници, каде до место тешко се доаѓа, како што тоа го прават сите кои имаат и пријатели и врски, а можеби се и политичари и новинари и општествени фаци, они одбрале приватна болница каде се плаќа. Да се плаќа. Дали ќе платат, или Орце ќе ги лекува без пари е одлука на приватната болница.

Додека ние правиме драми од лекување на владици, сериозни држави, како Грција, Бугарија, Албанија, Србија, за Русија ич муабет не правам, владиците ги третира како пациенти од висок национален интерес. Да ве потсетам каде се лекуваше Српскиот Патријарх Иринеј? Да, тие се лекуваат од Ковид на ниво на државници од висок степен на интерес.

Но, нејсе... и тоа не е толку важно во една секуларна држава. Најважно е што за нивното лекување не се трошат јавни и државни средства. Можеби се трошат средства на верниците, но тоа се лични средства на луѓето кои веруваат во Црквата и кои се ќе направат за да им возвратат на своите духовни отци. Штета што површинскиот журнализам тоа не може да го разбере“, нагласува овој новинар.

Ова е постот на новинарот Николовски.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите