04 Декември, 2021
0.0275

Новиот директор на РЕК Битола: Не правам никаков грев ако знам да свирам хармоника

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2021

Пеце Матевски вели дека нема никаков грев во тоа што знае да свири хармоника, откако е поставен за прв човек на РЕК Битола, на позиција која досега ја извршуваше Златко Ќурчиевски.

Досегашниот директор на термоелектрани вели дека воопшто не се срами што бил музичар и што бил комерцијалист во друга фирма, бидејќи и во двата случаи лебот чесно си го заработувал.

-Да, свирев хармоника во повеќе групи, во „Ивент“, „Чардак“, па „Соната“ и многу други. Но, и дипломирав на машинскиот  факултет во Битола во 2002 година, отсек индустриски менаџмент. По дипломирањето не можев, како и многу други млади, да се вработам, бидејќи моравме да чекаме некој да си ги описмени своите кадри, да завршат тие факултет и да ги вработат. А што требаше јас да правам? Да не свирам? Да не работам ништо? Па, мене ми е гордост што бев комерцијалист во таа фирма. Јас на оваа функција не дојдов со осмо одделение или средно школо, ниту, пак, со купена диплома. Не дипломирав во вечерно училиште или во Бугарија. Најредовно си завршив факултет во Битола, а во 2016 година магистрирав  менаџмент на човечки ресурси. Имав чест да учам од стари искусни професори на Техничкиот факултет во Битола. Тоа може да се провери. Туку ако нема како да го оцрниме човекот, ќе го оцрниме вака. Но, нема да ме оцрнат, јас сум горд што знам да свирам музички инструмент, што свирам хармоника. Јас можам да се занимавам со било што, ај тие нека земат нека свират, вели тој за ММС.

Матевски додава дека над 20 години се занимава со свирењето и дека неговото семејство традиционално има афинитети кон музиката.


Можеби ќе ве интересира

МИНИСТЕРСТВОТО СЕ КОРЕГИРАШЕ: Има повеќе заболени и повеќе смртни случаи во последното деноноќие

МИНИСТЕРСТВОТО СЕ КОРЕГИРАШЕ: Има повеќе заболени и повеќе смртни случаи во последното деноноќие

ТАРАВАРИ УПОРНО ТВРДИ ДЕКА ЗАЕВ НУДЕЛ ПАРИ НА ПРАТЕНИЧКА: Нема да му се извинам

ТАРАВАРИ УПОРНО ТВРДИ ДЕКА ЗАЕВ НУДЕЛ ПАРИ НА ПРАТЕНИЧКА: Нема да му се извинам

ДЕВЕТНАЕСЕТГОДИШНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН: Другар му исто така е во болница, несреќа во Штип

ДЕВЕТНАЕСЕТГОДИШНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН: Другар му исто така е во болница, несреќа во Штип

ЕДНО ДЕТЕ ИЗЛЕГЛО ОД АВТОБУСОТ, СЕ ВРАТИЛО ДА СПАСИ НЕКОЈ И ИЗГОРЕЛО: Градоначалникот Садики со сведоштво за несреќата во Бугарија

ЕДНО ДЕТЕ ИЗЛЕГЛО ОД АВТОБУСОТ, СЕ ВРАТИЛО ДА СПАСИ НЕКОЈ И ИЗГОРЕЛО: Градоначалникот Садики со сведоштво за несреќата во Бугарија

AЛЕКСОВСКИ ОДБИЕН: Наследникот на Заев ќе се бира меѓу Ременски, Ковачевски и Деспотовски

AЛЕКСОВСКИ ОДБИЕН: Наследникот на Заев ќе се бира меѓу Ременски, Ковачевски и Деспотовски

ФИЛИПЧЕ СЕПАК НЕМА ДА БИДЕ МИНИСТЕР: Алтернатива ги добива здравство, администрација и МЕПСО?

ФИЛИПЧЕ СЕПАК НЕМА ДА БИДЕ МИНИСТЕР: Алтернатива ги добива здравство, администрација и МЕПСО?

НОВ КОВИД БИЛАНС: Нови 342 случаи, сите починати се од болница

НОВ КОВИД БИЛАНС: Нови 342 случаи, сите починати се од болница

ТРАОР: Во Виштица погребани родителите и двете близначиња

ТРАОР: Во Виштица погребани родителите и двете близначиња

ФОТО: Пендаровски и син му повторно даруваа крв

ФОТО: Пендаровски и син му повторно даруваа крв