25 Април, 2024
0.0263

НОВИОТ FIAT 500 ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД ДВА МИЛИОНИ ПРИМЕРОЦИ

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена, во фабриката на Fiat во Тики, Полска, произведен е  Fiat 500 број 2.000.000. Популарниот Fiat се продава во повеќе од 100 земји низ светот, а 80% од продажбата е надвор од Италија, што го прави Fiat светски модел.

Fiat 500 е лидер на пазарот во девет европски земји и е меѓу првите три во уште други седум. Во единаесетата година од неговото производсто со скоро 60.000 продадени примероци во Европа во првиот квартал на 2018 година, Fiat 500 го одбележа најдобриот квартал досега.


Примерокот број 2.000.000 е спортскиот и ексклузивен модел Fiat 500C Collezione во две бои: бел и сив (Primavera livery), наоружан со TwinAir турбо мотор со 85 коњски сили. Ќе се продава во Италија. Новите серии го одбележуваат безвременскиот стил и дизајн на Fiat 500, неговиот познат и традиционален статус и луксузниот изглед со нови комбинации од бои и материјали во кул и модерен дух. Доаѓа опремен со препознатливата возбудлива опрема, како што се 16 " тркала, хромирани детали и сиво-бела линија на елеганција и ракописен беџ “Collezione”  на задната врата.

Производството на 2.000.000 автомобили Fiat 500 е клучот во успешната приказна. Малиот елегантен Fiat се продава во повеќе од 100 земји. 80% од продажбата е надвор од Италија, а веќе 4 години е бестселер во Европа во неговиот сегмент, со удел на пазарот од 14,6% заклучно со 2017 година. Исто така, во единаесеттата година од неговото производство, скоро 60.000 примероци се продадоа во Европа за време на третиот квартал од 2018 година, рушејќи го и најголемиот рекорд на моделот Fiat 500. Повторно, за време на првиот квартал од 2018 година, Fiat 500 беше најголем лидер на пазарот во девет земји (Обединетото Кралство, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија) и се издигна меѓу првите тројца во седум други (Италија, Германија, Франција, Шведска, Словачка, Романија и Бугарија).


30 специјални серии произведени во последните 11 години и под знакот на марката Fiat и кај марката Abarth, се тајната на беспрекорниот успех на Fiat 500. Fiat 500 отсекогаш ги следи трендовите и останува верен на традицијата, иако постојано произведува посебни модели за тестирање на невообичаени територии за градско возило и модерни и луксузни јахти на тркала. Новиот уникатен модел на Fiat 500 Collezione го следи стилскиот свет и лимитираните серии, како што се моделот Fiat 500 60th  и Anniversario, пуштени во продажба минатата година, за да ја одбележат 60 годишнината.

Моделот 500 прв пат беше произведен во 1957 година и оттогаш се продадени преку 6 милиони автомобили. Овие клучни бројки ја карактеризираат моќноста на заедничката имагинација и имагинацијата на автомобилската сцена. Насекаде и за сите генерации на возачи, овој модел остана запаметен и важен. Тој е симбол на масовната моторизација и производ од вистинска и општа важност. Не е случајност што Fiat 500 од серијата F која се произведуваше помеѓу 1965-1972 година како најпопуларна и најпозната се најде во колекцијата на популарниот Музеј на Модерна Уметност (МоМА) во Њујорк.


Производството на популарниот Fiat започна во Тики, 2007 година, кога беше лансиран новиот модел. Овој модел стана и првиот градски автомобил во светот кој е избран за “Автомобил на годината”  како резултат на високите перформанси. Со повеќе од 200.000 примероци годишно, вклучувајќи ги и двете марки Fiat и Abarth, денес полската фарбрика е една од најпрестижните FCA фабрики во светот. Фабриката е меѓу првите кои добиле највисоко златно признание за производство.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка