25 Април, 2024
0.0278

Новиот HUAWEI Band 6 со 1,47-инчен AMOLED дисплеј и траење на батеријата од 2 недели достапен и на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Најновиот претставник на спортските нараквици од серијата Huawei Band - HUAWEI Band 6, сега е достапен за македонските потрошувачи во трговските мрежи на Сетек, Нептун, Анхоч и Техномаркет по препорачана цена од 3299 денари. Веќе од втората половина на годината, истиот ќе може да се пронајдете и кај телекомуникациските оператори. Band 6 доаѓа со нов дизајн во две бои - Graphite Black и Sakura Pink, подолго траење на батеријата - до 2 недели, голем AMOLED дисплеј во боја со дијагонала од 1,47 инчи и збогатени карактеристики за следење на здравствените и спортските параметри, вклучително и континуирано следење на сатурацијата на кислород во крвта.

HUAWEI Band 6 е првиот претставник на серијата Huawei Band со 1,47-инчен FullView дисплеј во боја со однос на екранот и телото од 64%. Ова значи дека на екранот се прикажуваат многу повеќе информации со висок квалитет, благодарение на 194x368 резолуцијата и густина на пикселите од 282ppi. Ова е зголемување од 148% во однос на претходниот модел, а удобноста и целокупното чувство на носење современ уред се надополнети со четиринасочна навигација - корисниците може да го лизгаат екранот лево, десно, горе и долу.

Главната идеја на паметните нараквици е да бидат што е можно поудобни за долго и практично континуирано носење, за да можат да собираат и обезбедуваат богати и значајни информации за набљудуваните параметри. И покрај големиот и квалитетен дисплеј, Band 6 останува исклучително лесен - тежок е само 18 грама, а удобноста е надополнета со квалитетните материјали од кои е направен. Полимерното тело, засилено со фиберглас, со фина обвивка со метална текстура, се комбинира со мек, силиконски ремен, удобен за кожата. За негово производство се користи специјална полимерна техника со индукција со ултравиолетова светлина, во тренд со дизајнот на паметни нараквици.

Долгото траење на батеријата до 2 недели е исто така во прилог на практичноста на корисникот, со вклучено континуирано следење на пулсот и спиењето. Покрај тоа, HUAWEI Band 6 поддржува брзо полнење со магнетски полнач. За само 5 минути полнење, може да добиете 2 дена типична употреба.

Многу технологии за сензори работат на собирање информации за физичката активност и здравјето на корисникот. Благодарение на својот оптимизиран хардвер, HUAWEI Band 6 е првата нараквица на компанијата што овозможува континуирано следење на заситеноста на кислород во крвта (SpO2), како и сигнализација кога паѓа под одредено ниво. Уредот исто така го следи квалитетот на спиењето, нивото на стрес, менструалниот циклус кај жените и отчукувањата на срцето, а исто така може да го предупреди корисникот ако срцевиот ритам во мирување е превисок или пренизок.

Во однос на спортските активности, HUAWEI Band 6 поддржува 96 режими за следење на тренингот и обезбедува научна анализа со цел подобро да се извршат вежбите. Постојат 11 режими на професионален тренинг, вклучително и трчање на затворено и отворено, возење велосипед и скокање со јаже, како и 85 дополнителни режими, како што се фитнес, игри со топка, разни стилови на танцување и многу други. HUAWEI Band 6 го користи професионалниот алгоритам HUAWEI TruSportTM за темелно да ги анализира атлетските перформанси на корисникот врз основа на повеќе параметри, како што се варијации на срцевиот ритам, и дава предлози и совети базирани на наука за поефикасен тренинг.

Покрај тоа што е совршен асистент за спорт и здравје, Huawei Band 6 нуди и други паметни одлики за различни ситуации. На пример, преку него можете да ја контролирате музиката и камерата на паметниот телефон.

Повеќе информации за новиот модел може да најдете на нашата веб страна.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка