Новиот менаџмент ја крена добивката на „Европа“ на завидно ниво за брзо време
Објавено во: Економија 07 Август, 2018
Зголемена продажба, зголемен извоз, намалени финансиски расходи и други успешни „операции“ на новиот менаџмент на „Европа“ доведоа до топа скопската кондиторска индустрија да направи за повеќе од три пати подобар резултат во првото полугодие од 2018-та во однос на истиот период лани.
Станува збор за чист профит од 1,1 милиони евра во периодот од почетокот на јануари до крајот на јуни.