27 Септември, 2024
0.0273

Новиот министер Лога потпиша, згаснува името „Иван Михајлов“

Објавено во: Македонија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Новиот министер за правда Кренар Лога денеска  го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото здружение од Битола, откако Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов. 

- Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, соопшти Министерството за правда.

Решението е донесено според новите измени во Законот за здруженија и фондации, каде во член  9-а за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности.

Бугарскиот културен клуб сега е обврзан да побара пререгистрација или во спротивно му се заканува укинување. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници