25 Април, 2024
0.0292

Новиот модел на авион што се сруши во Етиопија е ист како оној во Индонезија

Објавено во: Свет 11 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Боинг 737 MAX 8 кој вчера се урна во Етиопија откако сакаше да се врати во главниот град Адис Абеба и при тоа загинаа 149 патници е ист модел како моделот на индонезиски Lion air кој се сруши кратко по поаѓањето од Џакарта во последната авионска несреќа лани, кога 189 лица загинаа.

Но, Џефри Томас, главен и одговорен уредник на порталот Airline Ratings, за Си-Ен-Ен изјави дека причините за авионска несреќа во сопственост на "Етиопијан ерлајнс" во неделата биле "значително различни" од оние на летот на Lion air.

По полетувањето се „случиле диви флуктуации во брзината", рече тој, а тоа не било случај со авионската несреќа на етиопската компанија во неделата, рече Томас.

Конструктор Боинг се обрати до етиопската компанија и рече дека ја следи ситуацијата.

Авионот се урна во Етиопија во неделата, како најновата верзија на 737, кој е најпродаваниот современ патнички авион и еден од најпроверените.

По успешниот прв лет во јануари 2016 година, четвртата генерација на 737, за кратки и средни летови, почна да опслужува пред две години.

На крајот на јануари, 350 авиони беа испорачани на купувачи од 5011 нарачки добиени за Боинг, пишува агенцијата АФП.

Првиот лет на "Боинг 737" беше лансиран во 1967 година, а првиот купувач беше компанијата "Луфтханза" на крајот од таа година. Оттогаш се испорачани повеќе од 10.000 парчиња од овој тип авиони.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови