12 Мај, 2025
0.0315

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИНЖЕНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Владата озаконува паушални фактури за струја

Објавено во: Економија 18 Април, 2025 09:02

Добивај вести на Viber

Со сериозни критики кон најавените измени во Законот за енергетика, Инженерите на Република Македонија алармираат дека Владата планира да озакони пракса на паушално, односно проценето, фактурирање на струјата. Наместо сметки засновани на реална, измерена потрошувачка, граѓаните ќе плаќаат според претпоставки – што, според инженерите, може да резултира со сериозна финансиска штета по нивниот семеен буџет. Новиот предлог-закон, кој на 22 април влегува во собраниска процедура, предвидува контроверзни одредби за кои од ИНРМ бараат итно укинување, со цел да се заштити јавниот интерес и правото на фер пресметка.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Апелираме до пратениците и Министерството за енергетика да ги отстранат некоректните одредби од предлог Законот за енергетика за да се обезбедат фер, прецизни и транспарентни фактурирања, исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка на електрична енергија. Граѓаните не смеат да бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за нивниот семеен буџет, порачуваат од ИНРМ(Инженери на Република Македонија.

Во новиот Предлог-закон за енергетика, кој на 22 април влегува во собраниска процедура, Владата предлага контроверзни одредби со кои се овозможува издавање на фактури за потрошена електрична енергија врз основа на претпоставена, а не реално измерена потрошувачка, велат од ИНРМ.

Со вакви измени се озаконува досегашната практика на паушално фактурирање, која стана особено проблематична по воведувањето на ценовните блокови за скапата струја од 1 јули 2022 година. При нередовно читање на броилата, потрошувачите неретко се распределуваат во погрешни ценовни блокови, што резултира со зголемени сметки и неоправдани наплати.

Нашите пресметки покажуваат дека дури и ±10% грешка при проценката на потрошувачката може да предизвика разлика во наплатата до 8.000 денари годишно по домаќинство. Со оглед дека во државата има 598.632 домаќинства, а ЕВН располага со 915.492 броила, ова претставува сериозен удар врз џебот на граѓаните и можност за милионски профити на штета на јавниот интерес.

Иако Регулаторната комисија за енергетика веќе потврди дека ваквите проценки носат штета за потрошувачите и започна процес за измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, Владата оди во спротивна насока. Со одредбите во Глава VIII од новиот закон – иронично насловена „Заштита на потрошувачите“ – се предвидува озаконување на паушалното фактурирање преку член 185, став 2 и став 4, точка 2.

Особено загрижувачки е што Владата го носи законот со европско знаменце, повикувајќи се на усогласување со ЕУ директивата CELEX: 32019L0944, која никаде не предвидува дозвола за фактурирање со претпоставена потрошувачка. Дополнително, овие одредби не се содржани ниту во претходните верзии на законот објавени на платформата ЕНЕР.

Апелираме до пратениците и Министерството за енергетика да ги отфрлат овие одредби и со амандмани: да се избрише став 2 од членот 185, а од ставот 4, точка 2, да се отстрани вториот дел од реченицата.

Бараме фер, прецизно и транспарентно фактурирање, исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка. Граѓаните не смеат да бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за нивниот семеен буџет. 


Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО СКРАТУВА ВАЖЕЊЕТО НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ: Секоја земја сама ќе одлучи како ќе го спроведе тоа

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО СКРАТУВА ВАЖЕЊЕТО НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ: Секоја земја сама ќе одлучи како ќе го спроведе тоа

РАЗЛИКИТЕ СЕ ГОЛЕМИ: Еве каде се највисоките плати во ЕУ, по земји

РАЗЛИКИТЕ СЕ ГОЛЕМИ: Еве каде се највисоките плати во ЕУ, по земји

НАСКОРО „ГРАДСКИ ВОЗ“ ЗА СКОПЈАНИ И ЖИТЕЛИТЕ НА ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ: Еве што најавува премиерот

НАСКОРО „ГРАДСКИ ВОЗ“ ЗА СКОПЈАНИ И ЖИТЕЛИТЕ НА ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ: Еве што најавува премиерот

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Еве кој ќе инвестира

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Еве кој ќе инвестира

КОЈ ИЗЛЕГУВА, А КОЈ ВЛЕГУВА? експерти велат: „Ова е само почеток на нова ера!“

КОЈ ИЗЛЕГУВА, А КОЈ ВЛЕГУВА? експерти велат: „Ова е само почеток на нова ера!“

ПАТУВАЊЕ ОД ЛОНДОН ДО ЖЕНЕВА ЗА САМО ПЕТ ЧАСА! Новиот директен воз го менува европскиот транспорт

ПАТУВАЊЕ ОД ЛОНДОН ДО ЖЕНЕВА ЗА САМО ПЕТ ЧАСА! Новиот директен воз го менува европскиот транспорт

ГЕРМАНИЈА БАРА СПАС ВО СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници доминираат, заработуваат солиден приход иако не работат со полно работно време

ГЕРМАНИЈА БАРА СПАС ВО СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници доминираат, заработуваат солиден приход иако не работат со полно работно време

ФОН ДЕР ЛАЈЕН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО АМЕРИКА: Еве го нејзиниот услов за Трамп

ФОН ДЕР ЛАЈЕН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО АМЕРИКА: Еве го нејзиниот услов за Трамп

ЕКОНОМСКИ СТРУЧЊАК ИЗНЕСЕ МРАЧНА ПРОГНОЗА ЗА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР - уште позагрижувачки се предвидувањата за економијата

ЕКОНОМСКИ СТРУЧЊАК ИЗНЕСЕ МРАЧНА ПРОГНОЗА ЗА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР - уште позагрижувачки се предвидувањата за економијата