25 Април, 2024
0.0561

Новиот Закон за практиканство со поддршка на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е позитивен пример на јавно-приватниот дијалог

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Кои се главните придобивки од новиот Закон за практиканство?

Новиот Закон за практиканство кој е официјално е стапен на сила ќе овозможи ангажирање на практиканти надвор од образовниот процес. Со тоа кандидатите ќе може да се стекнат со нови конкретни вештини, квалификации и знаења во процесот на градење на кариера. Компаниите од приватниот сектор, пак ќе добијат можност да ангажираат практиканти на определено време со што ќе имаат повеќе можности за пополнување на одредени работни позиции кои се од таква природа. Исто така во овој процес кандидатите кои се на пракса по завршување на определениот рок ќе претставуваат нов потенцијал за вработувања во компаниите.

Во изработката на предлог законското решение учествуваа четирите најактивни стопански комори: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Со вложениот труд во процесот на подготовка на предлог текстот, како и со повеќе инфо-сесии и форуми поврзани со работните односи и работната сила во Северна Македонија, постигнато е одлично решение кое е одраз како на барањата на приватниот сектор, така и на стратешките определби на надлежните институции.

„За нас ова е голем успех и одличен пример за успешна соработка меѓу институциите и бизнис заедницата. Сакам да искажам благодарност до Министерството за труд и социјална политика и подготвеноста да се слушнат барањата на бизнис заедницата. Министерството им даде голема доверба на стопанските комори кои преку Проектот учествуваа во изработка на работната верзија на овој закон. Верувам дека Законот за практиканство ќе даде позитивен импулс во економијата, ќе ги задоволи потребите на работодавачите за наоѓање на соодветна работна сила, додека пак на тие кои немаат соодветни вештини и квалификации поголема можност за зголемување на нивната вработливост“, вели Љубомир Димовски од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, директор на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Законот дефинира дека практикант да може да биде невработено лице на возраст до 34 години и да има завршено најмалку основно образование, а потребата од практикант работодавачите ќе ја изразуваат со објавување на јавен оглас кој треба да содржи информации за условите за практикантство. Законот дефинира минимален период на практикантство од еден месец и максимален од 6 месеци, како и правило еден практикант да може да врши практикантска работа само еднаш кај ист работодавач.

Работодавачите имаат и обврска да обезбедат ментор кој ќе врши континуиран надзор на практикантот, ќе ја организира неговата работа и ќе го следи напредокот за остварување на целите за учење и практиканство.

Уште еден лимит дефиниран со Законот е максималниот број на практиканти кај работодавачите, и тоа во зависност од бројот на вработените на неопределено работно време кај работодавачот во претходните три месеци пред ангажирање на практикантот. Законот предвидува обврска за плаќање на надоместок за време на практикантската работа на практикантот од страна на работодавачот, и тоа во висина од 42% до 74% од минималната нето-плата во земјава исплатена во претходната година. Ова се однесува на практикантство до 3 месеци, додека за практикантската работа подолга од три месеци месечниот надоместок кој работодавачот треба да му го исплати на практикантот треба да биде во висина на минималната нето-плата утврдена со закон.

Целата практикантска работа мора да биде поткрепена и регулирана со Договор за практикантство со кој се уредуваат односите, правата и обврските помеѓу практикантот и работодавачот. Законот забранува склучување на договор за практикантство за замена на постојно работно место, а за време на практикантската работа практикантот не ги губи правата по основ на невработеност и правата од областа на социјалната заштита утврдени и стекнати во согласност со закон. Работодавачот има обврска секој склучен договор да го пријави во Агенцијата за вработување.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка