Новите кредити од банките со повисока каматна стапка, а помала за тазе-депозитите
Објавено во: Финансии 01 Август, 2018
„Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни изнесува 4,97%, што претставува месечно зголемување од 0,04 п.п. Од друга страна, по растот во мај, во јуни просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечен пад од 0,14 п.п. и изнесува 1,29%“, соопшти НБРМ.
Во јуни 2018 година просечните каматни стапки на вкупните кредити и вкупните депозити и натаму се
намалуваа и се сведоа на 5,57% и 1,45%, соодветно, со што во однос на претходниот месец забележаа
намалување од 0,04 процентни поени и 0,01 п.п., соодветно, соопшти Народната банка.