20 Април, 2024
0.0270

Новите згради градежниците ќе мора да ги приклучат на парно ако таму има систем, ако не - да докажат дека имаат поефикасно греење

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика предлага во законите од областа на градењето да се предвиди обврска објектите кои се градат да се приклучуваат на парно, односно организиран систем на топлинска енергија таму каде што има таков систем. Ослободување од оваа обврска може да има доколку инвеститорот покаже дека има друг енергетски поефикасен систем за греење.

Кога ќе купуваат стан, граѓаните веднаш треба да знаат на што ќе се греат и дали тоа им одговара, додека, пак, градежните компании ќе мора да им понудат квалитетни и издржани решенија. 

Работна група предводена од експерти од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе работи на мапирање на главниот град. Идејата е да направи предлог мапа во која ќе се дефинираат  реони во кои точно ќе се знае на кој енергенс ќе биде греењето во секој нов објект со што ќе се обезбеди предвидливост за граѓаните и инвеститорите – најави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика по одржаниот состанок со Градежната комора при Сојузот на стопански комори. 

Оваа иницијатива е образложена и на состанокот во Стопанската комора на Северо - Западна Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги продолжи со широките консултативните средби со членките на градежните комори во врска со побараните измени во Законот за градба во однос на допрецизирање на Одобрението за градба со поле во кое задолжително ќе се наведено енергенсот на кој ќе се грее секој нов објект што ќе се гради.

„Сите средби укажуваат дека имаме иста цел, а тоа е да се има ред и предвидливост кога станува збор за затоплувањето на објектите. Граѓаните треба точно да знаат кога ќе купуваат нов објект на што ќе биде греењето, но и самите енергетски компании стратешки да ги зајакнат инвестициите во предвидените реони и да ги развиваат мрежите. Она што радува е дека пазарот го прави своето и денеска градежните компании се натпреваруваат во тоа кој ќе понуди поквалитетно решение за енергетско ефикасен дом. Работна група предводена од РКЕ ќе ги обедини коморите и енергетските компании за заеднички да ги мапираме реоните и да дефинираме како ќе се развиваат мрежите , односно во кој дел од градот како ќе биде решено греењето. Штотуку завршивме со состанокот во Сојузот на Стопански комори на Македонија и сега ќе продолжиме на ист состанок и во стопанската комора на Северо - Западна Македонија. Еден од проблемите е загаденоста на воздухот, а решението од нашиот делокруг на работа го гледаме во форсирање на еколошки затоплување. Парното, но и гасот се енергенсите кои треба да се користат максимално. Греењето на струја треба да е последна опција, затоа што тоа значи работа на РЕК Битола.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од Сојузот на стопански комори, пак, објавија дека Градежната комора на Македонија при ССК поддржува измени на законската регулатива кои ќе значат подобрување на квалитетот на градба и ќе придонесат за заштеда на енергија и примена на повисоки стандарди за заштитата на животната средина. Овој став претставниците на Градежната комора го соопштиле на денешната средба со РКЕ на која се разговарало за измените на Законот за градење во делот на дополнување на издавањето на одобрението за градба со информација за начинот на греење на објектот.

„Сериозните градежни компании во реализација на своите инвестиции ги следат најновите трендови и градат според современи стандарди за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Во таа насока поддржуваме измени на законската регулатива кои ќе допринесат за создавање на подобри услови за домување, од што ќе имаат придобивки граѓаните, но и заедницата пошироко. Со денешната средба се вклучуваме во дебатата која ја отвори Регулаторната комисија за енергетика, во кој преку поширок процес на размена на мислења ќе треба да се утврдат условите под кои ќе се регулира прашањето за загревањето на објектите во фазата на добивање на градежна дозвола со што ќе се добијат однапред мапирани региони“,  изјави Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора.

Тој истакна дека следејќи ги прописите регулирани во Законот за енергетска ефикасност во објектите кои се градат намалена е потрошувачката на енергија за шест пати, а сега се оди чекор понатаму, односно и уредите кои се инсталираат во домовите за загревање да бидат енергетски ефикасни односно да трошат помалку енергија.

Од Градежната комора сметаат дека при носење на одлука по ова прашање треба да има инклузивен процес во кој при избор на решението ќе се почитуваат интересите на граѓаните, ќе се овозможи претпријатијата кои се на директен или индиректен начин засегнати да продолжат да работат и ќе се спречи создавање на монополски позиции на пазарот.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ