НОВО ЧУДО: Што планира да гради Путин на Далечниот исток
Објавено во: Свет 12 Септември, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија планира на Далечниот исток да изгради моќен центар за меѓународна соработка и економска интеграција.
Нашите напори имаат за цел создавање на моќен центар за меѓународна соработка и интеграции, бизнис и инвестициони активности, образование, наука и култура овде во динамично напредувачкиот Азископацифички регион“, рекол Путин на пленарната седница на Форумот.
Тој истакнал дека создавањето на таков центар треба да ја подобри благосостојбата на жителите на Далечниот регион „како луѓето целосно би можеле да се остварат“.
Развојот на Далечниот исток претставува моќен ресурс за постигнување на планираниот пробив во руската економија во целина, додал тој.
„Во тоа гледаме моќен ресурс за постигнување на стратешките цели кои ги поставивме, за продорен развој, јакнење на конкурентноста на земјата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, кажал Путин.